Актуелниот македонски првак Струга Трим Лум со 4-0 го победи Вардар во заостанат меч од Првата македонска фудбалска лига.
Сите голови паднаа во второто полувреме, а вистинско чудо е како стружани и порано не ја почнаа гол-серијата, пред Бесарт Ибраими да ја стартува голеадата во 56-тата минута. Не искористија неколку супер шанси и пропуштија можност да слават уште поубедливо.
Сега Струга е трета, со еден бод од помалку од Шкупи и Шкендија.
За Вардар ова е најубедлив пораз сезонава, а на Црвено-црните, кои се последни на табелата, им заврши мини-серијата од две победи по ред.