28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Струмичанецот Секулов следната сезона ќе игра во италијанската Серија Б?

Младинскиот репрезентативец на Италија со македонско потекло, Никола Секулов, во следната сезона би можел да игра во италијанската Серија Б и тоа во дресот на Кремонезе.

Клубот кој сезонава испадна од прва во втора лига, се интересира за 21-годишниот Секулов кој е член на младинскиот состав на Јувентус, тим кој се натпреварува во Серија Ц и од Старата дама побарал да го добие Никола на позајмица.

Секулов е роден во Италија, неговите родители се Македонци, а тој слично како и Швеѓанецот со охридско потекло, Дејан Кулушевски, до 17 години играше за младинските селекции на Македонија, но потоа се одлучи за родната земја.

- Оглас -

Најнови вести