Струмичкото дерби за Академија Пандев, Вардар налета на цврст гипс

Академците на Пандев се нерешлива енигма за Беласица, а Љупче Дориев беше човекот на одлука на струмичкото дерби и со победнички погодок во 19. минута им донесе три бода на условно кажано гостите.

Со победата Академија Пандев го прескокна Вардар на втората позиција, по тешкиот пораз на најтрофејниот клуб со 0:4 од Ренова во Тетово.

Емран Рамадани со два гола беше главниот актер на мечот, а по еднаш мрежата на Гачевски ја тресеа Мбела и Стојановски. Вардар сега е на третата позиција на табелата со 35 бода, еден помалку од Академија Пандев и девет од лидерот Шкендија.

Ниту актуелниот првак не се прослави во 20. коло и одигра само нерешено, 1:1 во Ѓорче Петров против Македонија. Имери им донесе предност на гостите од Тетово, а израмни Бразилецот Да Силва во 65. минута за значаен бод за ѓорчепетровци.

На стартот од пролетниот дел се мачи и Работнички, а денеска во Скопје им одолеа Силекс. Кратовци дури и водеа со 1:0 со голот на Георгиев, но Дејан Блажевски израмни на 1:1 и го спаси засилениот Работнички од пораз.

Со головите на Бајрами, Ангелов и Сержињо Шкупи ја продолжи добрата серија и освои бодови против Победа со триумф од 3:0.

Табела: Шкендија 44, Академија Пандев 36, Вардар 35, Работнички 28, Шкупи 27, Ренова 25, Македонија Ѓ.П. 22, Силекс 20, Беласица и Победа по 18.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести