Англискиот четвртолигаш Њупорт каунти се пласираше во осминафиналето од ФА купот откако синоќа со 2-0 го победи Мидлсбро. Еден од најзаслужните за победата беше голманот Џо Деј, кој не дозволи ривалите да ја затресат неговата мрежа. Сепак, Деј немаше можност по мечот да се радува многу на победата.
Само што судијата го означи крајот на мечот, голманот се стрча кон тренерот Мајкл Флин и од него побара дозвола веднаш да замине од стадионот. Деј од теренот веднаш замина во болница, каде што се породуваше неговата жена. Иако брзаше, не успеа да стигне пред породувањето, но најважно е дека имаше убави вести кога стигна, а тоа е дека станал татко на две девојчиња-близначки.
„Пред мечот не знаеше ништо. Тоа е голем професионалец. Го исклучи мобилниот, иако јас не му криев дека жена му е во болница. Само што заврши мечот, дојде и ме праша ‘Шефе може ли да одам?’, а јас му одобрив и му понудив превоз“, открива тренерот Флин.
https://twitter.com/i/status/1092906204957937671
Во наредното коло од ФА купот, Њупорт ќе има уште потешка задача бидејќи за противник ќе го има англискиот шампион Манчестер сити.