Љубителите на кошарката синоќа беа пријатно изненадени кога по завршувањето на мечот Партизан – Монако беше видена сцена која ќе се прераскажува долго време, се прегрнаа „непријателите“ Жељко Обрадовиќ и Василис Спанулис.
Србинот и Гркот не разговараа 15 години. Најтрофејниот европски тренер му беше лут на Спанулис за предавството во 2010, кога од Панатинаикос се пресели во најлутиот ривал Олимпијакос, каде што подоцна стана легенда. Жељко не му го прости тоа и особено го погоди начинот на кој си замина Спанулис, кој наводно барал да му се дозволи трансфер во НБА и откако му дале исписница да биде слободен, не отишол во НБА, туку во најомразениот ривал.
Пред две години се видоа во арената ОАКА во Атина, но не се поздравија, иако се разминаа еден со друг.
Синоќа во Белград еден од најдобрите тренери и еден од најдобрите играчи во историјата на Евролигата се прегрнаа по натпреварот, а популарниот Жоц му кажа неколку реченици на Били. Обрадовиќ не сакаше да открие што му рекол на својот поранешен играч.
„Беше нешто многу интимно. Многу интимно“, објасни тренерот на Партизан без да даде други детали.
Obradovic & Spanoulis ❤️🐐
“It’s been 15 years…” pic.twitter.com/vXsWrisdTD
— Vassilis Papandreou (@sili81) November 11, 2025

