Љубовната врска помеѓу тенисерот Стефанос Циципас и неговата колешка Паула Бадоса е една од темите со кои многу се занимаваат новинарите и љубителите на тенисот во последно време, се следат сите нивни чекори, а вчера се појави снимка на која Шпанката со поглед „ќе го убиеше“ таткото на нејзиното момче.
За време на дуелот на Циципас и Енди Мареј ,кој беше прекинат доцна синоќа при водство на Британецот од 2-1 во сетови, Паула, која денеска игра со Марта Костјук, и потенцијално идниот свекор Апостолос Циципас имаа мал конфликт во ложата.
Апостолос, кој е татко и тренер на Стефанос Циципас, погледна во телефонот, па се сврте кон Бадоса, а таа му одговори со убиствен поглед од неколку секунди додека нервозниот Апостолос си го чешаше носот.
https://twitter.com/i/status/1677028975044878336