Суарес никогаш вака се нема посрамотено при шутирање пенал (Видео)

Во последниве неколку месеци, Луис Суарес е главна ѕвезда во бразилскиот Гремио. Уругваецот веќе има постигнато неколку убави и важни голови, но овојпат се најде во центарот на вниманието по едно неверојатно промашување.

Гремио играше во Купот на Бразил против Феровиарио и победи лесно со 3:0, а Суарес беше стрелец на еден погодок. Сепак, уругвајскиот голгетер овој дуел ќе го памети по промашениот пенал и тоа што се случи веднаш потоа.

Во 18-тата минута, при резултат 0:0, беше досуден пенал за Гремио, а Суарес ја презеде одговорноста да шутира од белата точка. Голманот го одбрани неговиот удар, а одбиената топка повторно дојде до голгетерот, кој се посрамоти и не успеа да погоди во празната мрежа.

До крајот на средбата, Суарес се коригираше за овој кикс и постигна еден убав погодок за 2:0 на неговиот тим.

https://twitter.com/i/status/1636529438610321408

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести