Суарес откри кој е проблемот и зошто Барселона не победува

Барселона трет меч по ред не може да победи, откако синоќа одигра 0:0 на гости кај Атлетик Билбао. Каталонскиот гигант дури може да биде и задоволен од освоениот бод, бидејќи домаќините беа подобри на теренот, а голманот на Барселона Марк Андре Тер Штеген ја имаше одбраната на сезоната и на тој начин не дозволи радост за фановите на „Сан Мамеш“.

На Барселона не и помогна ниту Лионел Меси кој се врати во стартниот состав. Шампионот делуваше немоќно и речиси не создаде опасна шанса за да го загрози голот на Атлетик Билбао. Напаѓачот Луис Суарес откри кој е проблемот за лошата игра во Билбао.

„Добро е што уште сме лидери во првенството. Убаво е што имаме поголема залиха, но синоќа добро е што не загубивме. Во првото полувреме имавме многу лоша комуникација меѓу нас на теренот. Лесно ги губевме топките и не си зборевме меѓу себе. Тоа мора да го подобриме, ако сакаме повторно да победуваме. Беше тешко да играме, бидејќи тие постојано правеа фаули и ја прекинуваа играта“, објасни Суарес.

- Оглас -

Најнови вести