Суарес се жали: За успех потребно е да се борите против секого и против сешто

По поразот на Атлетико Мадрид од Севилја, првиот стрелец на мадридските Јорганџии, Луис Суарес, испрати порака преку социјалните мрежи, во која се жали дека неговиот тим мора да се бори и против други „сили“, не само со противничките играчи. Пред Атлетико да го прими голот со кој загуби, Окампос играше со рака, но судијата дозволи акцијата да продолжи и таа резултираше со погодок.

„Нема оправдување, по пораз, мора да се потрудите да се поправите. Никој не кажа дека ќе биде лесно да се освои титула. За да успеете, мора да се борите против сешто и против секого бидејќи никој нема да ви подари ништо. Одиме напред, секогаш позитивно“, порача Уругваецот.

Суарес е еден од тројцата играчи на Атлетико, заедно со Љоренте и Кондогбија, кои добија петти жолт картон сезонава, па нема да играат во следното коло, кога лидерот на шпанското првенство повторно гостува во Севилја, но кај Бетис. Атлетико во последните 10 кола испушти дури 14 бода, па иако до пред некој месец делуваше дека сигурно газат кон титула, сега се во тешка позиција и под огромен притисок.

 

- Оглас -

Најнови вести