Суарес во Мајами ќе има 250 пати помала плата од таа на Меси

Луис Суарес е еден од најблиските фудбалски пријатели на Лионел Меси, беа одличен тандем додека играа заедно за Барселона, а според најавите на многу добро информирани новинари, наскоро тие треба да заиграат заедно и во Интер Мајами.

Суарес е голема ѕвезда на светскиот фудбал, но во Мајами ќе има плата која е дури 250 пати помала од таа на Аргентинецот. Причина за ваквата екстремна разлика е правилото во МЛС лигата според кое се дозволува само тројца играчи во еден тим да имаат големи плати. Во Интер тоа се Меси, Серхио Бускетс и Бразилецот Грегор.

За да не се надмине селари капот, Суарес ќе може да има годишна плата од најмногу 200.000 долари (16.666 долари месечно), што е смешна сума. Меси има договор вреден 50 милиони долари по сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести