Суарес повторно гризе, но овојпат жртва беше негов соиграч (Видео)

Некои навики очигледно не се забораваат, а ова посебно се однесува за Луис Суарес, кој во моментов е фудбалер на Интер Мајами. Уругваецот има низа „престапи“ од овој вид, а сега жртва беше неговиот соиграч и пријател, Жорди Алба.

Во 90-тата минута од мечот против Лос Анџелес дојде до мала мешаница во која учествуваше и Суарес, а во еден момент тој го гризна Алба за прстите мислејќи дека се работи за противнички фудбалер кој го држи за дресот. Кога забележа за кого се работи, Суарес веднаш отспати, па Алба веројатно не беше многу каснат.

- Оглас -

Најнови вести