Прва победа сезонава во Формула 1 шампионатот, а четврта во кариерата за Џорџ Расел од Мерцедес, тој триумфираше на трката во Канада, а драмата се случи во финишот, во 67-миот круг кога во борба за четвртата позиција, се судрија тимските колеги Оскар Пјастри и Ландо Норис од Мекларен кои се во борба и за титулата.
Последните три круга се возеа зад безбедносното возило. Макс Ферстапен мина втор низ целта, трети беше Кими Антонели од Мерцедес, а Пјастри немаше последици од сударот, и заврши како четврти.
Следната трка е во Австрија.
Норис призна дека е виновен, удри во Пјастри и беше најголемиот губитник од ситуацијата, бидејќи остана без бодови:
Piastri and Norris come together in Canada! 😱
Here’s the collision between the two McLarens 💥#F1 #CanadianGP pic.twitter.com/sKo3GRQ63Q
— Formula 1 (@F1) June 15, 2025