Судбината сакаше Бостон да ја освои титулата, Селтикс по 18-ти пат се шампиони на НБА!

Бостон селтикс по рекорден 18-ти пат е шамоион на НБА-лигата, избивајќи на првото место на вечната листа и оставајќи го ЛА лејкерс на второ место со 17 титули.

Келтите сезонава до титулата дојдоа со триумф од 4-1 во победи во големото финале против Далас маверикс, четвртата победа дојде рано утрово со резултат 106-88. Уште по првото полувреме славењето можеше да почне бидејќи домашните направија предност од над 20 поени разлика.

Џејлен Браун е прогласен за МВП на финалната серија, а ова е прва титула за ѕвездите на Бостон, меѓу кои и Џејсон Тејтум, и за ветеранот Ал Хорфорд, кој конечно по 17 сезони играње во НБА, дојде до шампионскиот прстен.

Инаку, 17 јуни е среќен ден за Селтикс, тие на овој датум ја освоија и претходната титула во 2008 година. Покрај тоа, поштенскиот код за Бостон е 617, кој ако се разложи на 6-17 ќе дојдете до шести месец во годината, 17 ден во месецот и како да беше запишано во ѕвездите дека тимот мора на овој датум да ја освои титулата.

- Оглас -

Најнови вести