Судиите ја признале грешката и му се извиниле на Томас Тухел, но Баерн ништо не добива од тоа

Реал Мадрид ѝ се придружи на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен со пресврт го совлада Баерн Минхен со 2-1. Сепак, во самиот финиш од судиското продолжение, Де Лихт постигна погодок за 2-2, но асистент-судијата порано од потребното крена офсајд, па голот беше поништен. Од снимките можеше да се види дека судијата згреши и со офсајдот, но и прераното кревање на знаменцето бидејќи со тоа не дозволи да се гледа ВАР.

„Ова беше полуфинале, не е време за извинувања, не е време за две големи грешки, па потоа да се извинуваш. Сите мора да дадеме сè од себе, мора да страдаме и да работиме без грешки, па така и судиите мора да бидат на нивото. Не помагаат извинувања кога не го испорачуваш тоа што се бара од тебе. Иако, секако, како спортист го прифаќам извинувањето“, рече Тухел.

- Оглас -

Најнови вести