Повеќе се мачи со нив отколку со противниците – Судиите му станаа главни ривали на Ѓоковиќ (Фото)

Новак Ѓоковиќ нема проблеми на терен, лесно го доби првиот меч што го играше по дисквалификацијата на Отвореното првенство на САД, но повторно имаше недоразбирање со судиите.

Главниот судија на АТП мастерсот во Рим му забележа на српскиот тенисер дека не носи маска при влегувањето на тенискиот терен, што е задолжително според протоколите кои важат во тенисот.

Новак овојпат реагираше мирно, иако го праша судијата зошто да носи маска, по што доби одговор дека тоа е стандардна процедура при разговорот пред да почне мечот.

На земјениот терен на Форо Италико потоа сè беше во знакот на најдоброрангираниот светски тенисер, кој рутински го победи домашниот тенисер Салваторе Карусо со 6:3, 6:2.

Ѓоковиќ е прв носител на АТП-мастерсот во Рим, турнир што го има освоено 4 пати, а лани во финалето загуби од Рафаел Надал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести