Судиите требаше да го исклучат Кристијано при 1-0 за Јуве? (Видео)

Голманот на Калјари, Алесио Крањо, се здоби со расекотина на брадата и устата откако во 14-тата минута доби удар со копачка в лице од Кристијано Роналдо. Ова се случи при резултат 1-0 за Јуве, а Португалецот за овој невнимателен и груб старт доби само жолт картон, иако се случувало за вакви ситуации да има и исклучување.

Петкратниот носител на „Златната топка“ имаше среќа што остана на терен, а до крајот на првото полувреме даде уште два гола и се прослави со хет-трик со кој му помогна на Јувентус да победи.

Крањо неколку минути добиваше медицинска помош. Погледнете го стартот кој ја подели јавноста околу тоа дали требаше да има црвен картон за Роналдо или жолтиот е доволен?

https://twitter.com/i/status/1371165149755768832

- Оглас -

Најнови вести