Со перфектен хет-трик за половина час, Роналдо ги поздрави критичарите (Видео)

Кристијано Роналдо со три гола на стадион на кој досега немаше дадено гол, му донесе победа на Јувентус од 3-1 на гостувањето во Калјари, и им одговори на критичарите кои го напаѓаа после елиминацијата од Лигата на шампионите.

Португалецот направи перфектен хет-трик, по еден гол даде со глава, со десна нога и со лева нога. Ова му е 57-ми хет-трик во кариерата, втор најбрз, и само втор во дресот на Јуве. Интересно е што и првиот пат три гола на еден меч даде истотака против Калјари, тогаш во Торино во јануари минатата година.

Ова беше 600-ти меч за 36-годишниот Роналдо во Топ 5 лигите во Европа, па јубилејот го украси со голови. Со победата, Јувентус дојде на 10 бода негатива зад Интер, а Старата дама има и еден меч помалку, оној со Наполи.

Погледнете ги головите на Роналдо кои паднаа во периодот од 10-та до 32-ра минута:

- Оглас -

Најнови вести