Судиите во Англија се толерантни, вечерва простија два црвени картони (Видео)

Екипите на Челзи и Брентфорд вечерва веројатно требаше своите мечеви да ги завршат со по еден играч помалку, но судиите им простија.

На дуелот на Челзи и Брајтон, кој заврши 1-1, Антонио Рудигер имаше ѕверски старт со две нозе над Тарик Лампти, а судијата му покажа само жолт картон. Германецот веројатно требаше да биде исклучен, но олеснителна околност му беше што ја собра топката, а не нозете на противничкиот фудбалер.

На мечот помеѓу Пчелите и Граѓаните, среќникот е Иван Тони, кој го нагази легнатиот Фернандињо, но не доби ниту жолт картон. Немаше ни јавување од ВАР-собата, иако на повторената снимка се виде неспортскиот потег.

Погледнете го стартот на Рудигер над десниот бек на Брајтон:

- Оглас -

Најнови вести