35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Судија претепан до смрт поради жолт картон

Спортска трагедија го стресе Ел Салвадор по информациите дека судија бил претепан до смрт на еден локален фудбалски турнир.

Искусниот арбитер Хосе Арнолдо Амаха на 63 години трагично го загуби животот кога при крајот на еден натпревар на којшто ја делел правдата, доделил жолт картон на еден од фудбалерите. Играчот прво вербално го нападнал Амаха, а потоа тргнал физички да се пресметува.

Една тупаница била доволна за судијата да падне на тревата, но играчот и натаму продолжил да го удира до последниот здив на Амаха.

Локалната полиција моментално работи на разрешување на случајот и е во потрага по сторителот.

- Оглас -

Најнови вести