Судијата кој што го „украде“ Милан го очекува долга пауза (ВИДЕО)

Милан вчера сензационално загуби од Специја со 2:1, но, домаќините има за што да се жалат на судењето на Марко Сера.

Тој, им поништ чист гол за победа и тоа во последните минути, кога резултатот на средбата беше 1:1.

Асоцијацијата на судиите на Италија веднаш испрати писмо до Милан во кое се извинува за судењето на нивниот арбитар, а се најавува и дека Сера ќе го очекува долга суспензија.

Доколку судија отсуди под очекувањата, тогаш следува пауза од две средби но „Газета Дело Спорт“ најавува дека ќе поминат месеци додека овој арбитар повторно ќе се врати да дели правда во Италија.

Милан нема да има големо фајде од тоа бидејќи загуби драгоцени бодови во битката за титулата во Серија А каде што има натпревар повеќе но и два бода помалку од лидерот Интер.

Во наредното коло Милан ќе го игра големото дерби на Италија против Јувентус кое на програмата е во недела од 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести