Фудбалска Италија на нозе поради судиската грешка која може да го реши шампионот (Видео)

Милан беше голем фаворит на „Сан Сиро“ против Специја, но Росонерите на крајот загубија на свој терен со 2:1. По овој неуспех, Милан пропушти шанса да избие на првото место на табелата во Серија А и остана два бода зад градскиот ривал Интер.

Беше 1:1 кога судијата Марко Сера во судиското надополнување досуди фаул на Ребиќ, недозволувајќи предност во играта, затоа што топката дојде до осамениот Жуниор Месија, кој даде гол. Сепак, погодокот на Милан не беше признат, затоа што судијата само неколку моменти претходно ја прекина играта за да досуди фаул за Милан.

Ако тој гол беше признат, Милан ќе победеше со 2:1, но вака се случи сосема спротивното. Голот на Милан не важеше, а Специја буквално во последниот напад, односно во 96 минута даде гол за победа од 2:1.

Милан наместо да освои три бода од овој дуел и да биде лидер, сега остана на два бода зад Интер.

„Судијата ни се извини. Одговорноста за поразот сигурно е наша, но и судиска. Се обидов да ги смирам играчите по тој момент, но не успеав“, рече тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

- Оглас -

Најнови вести