Судијата Мунуера Монтеро му честиташе на Роберт Левандовски за одличниот настап против Реал Сосиедад, а камерите го фатија и како се пошегува на сметка на најдобиот играч на мечот, на кој Барселона победи со 4:1.
Левандовски постигна два гола и имаше една брилијантна асистенција со петица за Ансу Фати, а по мечот кога се поздравуваше со судиите доби и добронамерна сугестија од Монтеро.
„Ти посакувам многу среќа и да внимаваш на часовникот“, се пошегува главниот судија на мечот, што предизвика и насмевка на лицето на Полјакот.
https://twitter.com/DirectoGol/status/1561484373492469761?s=20&t=cSgUmlzKR95Eq1jfsNDjSg
Пред да влезе со автомобилот во тренинг-центарот на Барселона, застанал да потпише автограми, а еден од фановите во групата го искористил моментот и му украл часовник вреден над 70.000 евра.
Според каталонските медиуми, Левандовски почнал да го брка крадецот, но крадецот побегнал. Полицијата сепак си ја завршила работата и го фатиле крадецот, а часовникот бил најден закопан под едно дрво.