Барса пак ќе биде моќна – Две тројки на Левандовски и Фати, удрија и со страшни штикли за потоп на Реал Сосиедад (Видео)

Роберт Левандовски ги постигна првите голови за Барселона во Ла Лига, а вечерва двапати ја тресеше мрежата на Ремиро и имаше една асистенција, брилијантна со штикла за Фати во победата против Реал Сосиедад од 4:1 во Сан Себастијан.

Каталонците одиграа атрактивен меч, а покрај Лева, се истакна и Ансу Фати со гол и две асистенции, едната фантастична со петица до Усман Дембеле во 66-тата минута, кога Барса поведе со 2:1.

Мечот почна со блиц-криг на гостите, а Левандовски постигна деби гол за Барселона само по 45 секунди игра на култната „Аноета“.

https://twitter.com/tobimanish/status/1561451637838839809?s=20&t=dEnfkTAA-8YtLPiC_0AfUQ

Реал Сосиедад брзо израмни на 1:1 со атрактивниот гол на Александер Исак во шестата минута.

Голот на Дембеле го одлучи мечот, а потоа повторно стрелец беше Левандовски со уште една убава асистенција на Фати во 68-мата минута.

Фати, кој со Левандовски беше најатрактивен играч на теренот, со брилијантни потези го круниса фантастичниот меч со гол во 79-тата минута, а му асистираше Левандовски, и тоа на феноменален начин со нова атрактивна петица, по која домаќините беа немоќни.

https://twitter.com/BaggioM10/status/1561467983049854976?s=20&t=dEnfkTAA-8YtLPiC_0AfUQ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести