Судијата направи хаос на Елче – Реал Мадрид, кој е повеќе оштетен?

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Купот, откако дури по 120 минути игра го елиминираше Елче и тоа на гостински терен. Во регуларниот дел немаше погодоци, но во дополнителните 30 минути се случи драма.

Елче прв даде гол во 104 минута, но во последните 15 минути, Кралевите со погодоците на Иско и Азар направија пресврт. Голот на Азар за победа може да го видите ТУКА.

Освен трите погодоци, во продолженијата имаше и две спорни ситуации. Во првата настрада Марсело, кој обидувајќи се да спречи еден напад на домаќините, судијата процени дека Бразилецот направил фаул и му даде директен црвен картон.

Втората спорна ситуација беше во 120 минута, кога Елче беше во напад, а домаќините постигнаа гол што требаше да биде за 2:2. Сепак, судијата го поништи тој погодок поради претходно наводен фаул во напад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести