Во првото коло од Е групата во квалификациите за пласман на СП 2026, Турција со 3:2 победи на гости кај Грузија. Турците започнаа одлично и водеа со 2:0 на полувреме, а веќе во 52-рата минута беше и 3:0 за гостите.
Сепак, Грузија не се предаде и во 63-тата минута намали на 1:3, а до крајот Кварацхелија со погодок во 90+8 минута намали на 2:3, што сепак не беше доволно домаќините да се спасат од пораз.
Освен петте гола, овој меч го одбележа и моментот од 71-вата минута. Јилмаз стартуваше врз еден од домашните фудбалери, а главниот судија Давиде Маса воопшто не досуди фаул.
Тогаш се активира ВАР-системот, па италијанскиот судија беше повикан да ја погледне снимката на која јасно се гледа како Јилмаз стартува директно на ногата на противникот. Ваквите фаули може да доведат и до тешки повреди, но, за среќа, овојпат немаше ништо посериозно.
Судијата Маса, кој не досуди ни фаул, сфати дека згрешил, па освен фаул за Грузија, му додели црвен картон на фудбалерот на Турција.
Целата ситуација може да ја видите ТУКА.