Судијата означи старт на мечот, а само по 17 секунди покажа црвен картон (видео)

Кајо Вилкер, фудбалерот на Ботафото ПБ, подобро да не излезеше на теренот во мечот против Трезе во регионалниот бразилски Купбидејќи беше исклучен само по 17 секунди поради тоа што направи брутален старт.

Судијата означи почеток на средбата, домаќините тргнаа во прв напад, а Кајо во обид да ја освои топката, непромислено тргна кон неа и со двете нозе силно го удри противничкиот фудбалер, кој не можеше да застане на нозе.

Главниот арбитер немаше друго решение освен да го прати гостинскиот играч на рано туширање, а Ботафого со 10-мина фудбалери не можеше да се бори 90 минути, па загуби со минимални 1-0.

Kaio Wilker do Botafogo-PB fazendo speedrun de expulsão no clássico contra o Treze from futebol

- Оглас -

Најнови вести