Судијата со очајно објаснување зошто немаше пенал за Торино против Интер (Видео)

Торино може да жали што не ги освои трите бода во дуелот со Интер затоа што домаќинот прими гол во 93-тата минута и средбата заврши 1:1. Алексис Санчес погоди за Интер и го спаси шампионот од пораз.

Освен голот на Санчес, за гостите спасувачка беше и одлуката на главниот судија Марко Гвида да не досуди пенал за Торино. Во првото полувреме, Андреа Ранокија го удри Андреа Белоти по ногата, и тоа во моментот кога голметерот на Торино се подготвуваше да шутира.

Главниот судија, но и арбитрите во ВАР-собата не утврдија дека стартот на Ранокија е за пенал.

Челниците на Торино се лути поради ваквата одлука на судиите, а спортскиот директор на овој клуб, Давиде Вагнати, откри кое било објаснувањето на судијата зошто не гледал повторена снимка.

„Ако никој не ми јави од ВАР-собата да ја погледнам снимката, значи дека сум донел исправна одлука“, биле зборовите на судијата Марко Гвида.

- Оглас -

Најнови вести