Во светот на фудбалот сè повеќе се профилираат и женските судии, а една која предизвикува посебно внимание во Италија е Џилијана Вигиле. Тоа е 23-годишна девојка која веќе започна да суди во сениорскиот фудбал во Италија. Моментно е дел од арбитрите кои ја делат правдата во Серија Д (четврта лига), но ѝ се предвидува светла иднина.

Покрај одличното судење, за кое Италијанската асоцијација на судии (AIA) ѝ доделува високи оценки по секој натпревар, оваа млада линиска судијка е популарна и меѓу мажите, па затоа почна да ги носи навивачите на трибините. Дури и најпознатиот спортски весник „Газета дело спорт“ пишува дека токму судијката е мотив на трибините да доаѓаат поголем број гледачи во четвртата лига.
La Gazzetta dello Sport : “Serie D hakemi Giuliana Vigile !” pic.twitter.com/8Ihn9iUORf
— Ronaldohaber (@internationaa1) January 29, 2026
Судијката е активна и на социјалните мрежи, каде што постира фотографии од мечевите на кои таа суди. Таа има повеќе од 100.000 следбеници на социјалните мрежи, па знае да постира и фотографии од нејзиниот приватен живот.
Според најавите од Италија, доколку продолжи со доброто судење и добива одлични оценки, може многу брзо да се случи оваа млада и талентирана судијка да ја видиме на меч од Серија А.

