Судиско недоразбирање за малку ќе ги оштетеше Полјаците (видео)

Холандија и Полска играат прилично интересен натпревар во Ротердам каде што резултатот моментално е 2-2, откако Лалињата надополнија два гола негатива.

Во моментот кога Зјелински погоди за 2-0 во корист на Полска, недоразбирање меѓу судиите за малку ќе ги оштетеше.

Играчот на Наполи искусно избегна недозволена позиција и рутински заби за 2-0, а помошниот судија веднаш го крена знаменцето означувајќи офсајд. Веднаш беше корегиран од главниот арбитар кој со прстот покажа кон часовникот дека е гол и крена рака во знак на извинување.

- Оглас -

Најнови вести