Судот во Париз си го зашитити Мбапе, падна во вода барањето на Ла Лига да биде суспендиран договорот со ПСЖ

Административниот суд во Париз го одби барањето на раководството на шпанската Ла Лига да биде суспендиран договорот меѓу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе.

Шпанците бараа да се поништи договорот што тежи 300 милиони евра за три години, а велат дека Килијан добил плус уште 100 милиони евра при самиот потпис.

Проблем е што и двете страни, и судот во Париз и Ла Лига, си имаа своја страна во битката меѓу ПСЖ и Реал.

Реал беше заинтересиран за ангажман на Мбапе и кога беше најавено дека работата е сигурна, парижаните со фрапантна понуда направија пресврт и потпишаа договор со францускиот ас до 2025 година за сума што е најголема во историјата на фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести