Супер компјутер предвиде: Ливерпул ќе биде шампион на Англија

Ливерпул на свој терен игра против Борнмут и тоа треба да биде вовед во една неверојатна серија на гигантот од „Енфилд Роуд“. Супер компјутер направил симулација и предвидува дека Ливерпул ќе ги победи сите 13 меча до крајот на сезоната и ќе биде новиот првак на Англија.

Ако се случи Ливерпул да победи на сите 13 меча до крајот тогаш ќе го надмине и рекордот на Манчестер сити, од 100 освоени поени во една сезона. Ако Ливерпул ги освои сите 39 бодови до крајот, ќе заврши со 101 бодови.

Интересно е што компјутерот предвидел и дека Арсенал ќе биде на четвртото место и ќе игра во Лигата на шампионите, додека Челзи и Манчестер јунајтед ќе извисат и ќе бидат дел од Лигата на Европа. Од Премиер лигата ќе испаднат Кардиф, Фулам и Хадерсфилд.

Сепак, оваа пресметка од компјутерот и не значи дека е точна, иако навивачите на Ливерпул сигурно ќе сакаат да се случи тоа што го предвидел компјутерот.

 

- Оглас -

Најнови вести