Супер квота за двојна победа на Португалија против Луксембург

Португалија гостува кај Луксембург во меч од третото квалификациско коло за Светското првенство во Катар. Актуелните европски прваци имаат четири бода од првите два меча, а Луксембург направи големо изненадување и на стартот славеше на гости кај Република Ирска со 1:0.

Луксембург ја победи Ирска, но, сепак, кога се работи за дуелите против Португалија, едноставно не треба да има дилеми дека трите бода ќе завршат за гостите. Кристијано Роналдо и дружината дополнително ќе бидат мотивирани, посебно откако беа оштетени во дуелот со Србија, кога судијата не го призна погодокот на Португалците во 93-тата минута, што ќе беше победнички за гостите во Белград.

Овие две селекции имаат богата традиција на меѓусебни средби и низ историјата играле дури 14 пати. Португалија има 13 победи, а Луксембург се радувал еднаш, и тоа во далечната 1961 година со 4:2. Од тие 13 победи на Португалија, дури 12 биле без да примат гол, или со кладилничарски речник „Сигурна победа“.

Освен што Португалија најчесто лесно победува, традицијата вели дека на 10 од последните 11 нивни средби фаворитот победува во двете полувремиња, односно има Двојна победа. Кога се работи за Двојна победа, тоа значи дека Португалија треба да победи во двете полувремиња посебно.

Во Sport Life за играта Двојна победа, коефициентот за Португалија е одличен и изнесува 2.10 и едноставно вреди да се одигра и да се следи традицијата која дава сигурност со 10 од 11 вака завршени средби на овие две селекции.

 

- Оглас -

Најнови вести