Супер маратон на Ролан Гарос со среќен крај за Крејчикова

Супер тениски маратон во второто тенско полуфинале на Ролан Гарос вечерва одиграа Барбара Крејчикова од Чешка и Марија Сакари од Грција, а во дуелот на двете врснички подобра беше Крејчикова.

Чешката тенисерка победи со 7:5, 4:6, 9:7 по 3 часа и 20 минути игра и ќе игра финале против Анастасија Пављученкова.

Сакари, која има 25 години, исто како и Крејчикова, беше на прагот на најголемиот успех во кариерата, но прокоцка предност од 5:3 во решавачкиот сет и потоа загуби. Имаше три меч-топки и не искористи ниту една, па деби во сингл финалињата на гренслем-турнирите ќе има чешката тенисерка.

https://twitter.com/rolandgarros/status/1403058916691525642?s=20

Приказната на ова издание на Ролан Гарос на Крејчикова е исклучително интересна и таа има шанса да освои два пехари. Играше во три четвртфиналиња, со што е уникат, а засега испадна само во мешани двојки по поразот од Олмош и Кабал со 1:2 во сетови, заедно со својот партнер Полашек.

Утре со сонародничката Шинјакова ќе играат во полуфиналето на женски двојки против Линете и Пера, па можно е Крејчикова да настапи во две финалиња.

Сигурно ќе игра за вредниот пехар во поединечна конкуренција против Анастасија Пављученкова во сабота.

Русинката по 52 настапи на гренслем-турнирите денеска со победа од 2:0 против Тамара Зиданшек успеа конечно да се пласира во финале на гренслем-турнир.

Таа е рекордерка и единствена тенисерка во историјата што имала над 50 обиди и дури потоа успеала да стигне до меч за титула на еден од четирите најценети светски тениски турнири.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести