Супер нокаут на кикбокс борба, од силата на ударите излета од рингот (Видео)

На ревијата Глори 77 беа видени интересни борби, но се издвои еден спектакуларен нокаут, сигурно еден од подобрите во последните години во кикбокс.

Словакот Мартин Пацас го нокаутираше Турчинот Мухамед Бали, при што Турчинот од силата на ударите кои ги прими, излета надвор од рингот. Не можеше да се исправи на нозе, туку се истркала назад во рингот, но судијата веќе му изброи до 10, што значеше крај на борбата и победа за Словакот.

Интересно е што до тој момент, Турчинот имал предност во бодување кај судиите и Пацас ќе загубеше ако не беше нокаутот.

- Оглас -

Најнови вести