Јаник Синер без големи проблеми, со 6-3, 6-4, 6-4 го совлада Бен Шелтон и се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, каде што за противник ќе го има среќникот Новак Ѓоковиќ, кој во полуфиналето влезе благодарение на повредата на Лоренцо Музети, кој се предаде откако водеше 2-0 во сетови.
Тоа ќе биде спектакуларно полуфинале помеѓу ланскиот и прекланскиот победник во Мелбурн (Синер) и човекот (Ѓоковиќ) кој рекордно десетпати ја има освоено титулата на овој гранслем.
Синер ќе биде фаворит на хартија, тој нема пораз на официјален меч уште од петти октомври, но Србинот ако може да победи против еден од двајцата најдобри на светот, тоа е веројатно на Отвореното првенство на Австралија.

