Супер-старт за Вилјареал, кратко траеше водството на Јунајтед (видео)

Вилјареал многу подобро го отвори мечот отколку фаворизираниот Арсенал, па уште во првиот обид домаќините ја затресоа мрежата на Лено.

Тригеирос беше најснаодлив во шестнаесетникот на Топчиите и ефектно погоди во петтата минута за најава на одличен меч на „Керамика“ стадионот.

https://twitter.com/beINSPORTS_TR/status/1387846996711591938

Во меѓувреме Бруно Фернандеш му донесе водство на Манчестер јунајтед против Рома веќе во деветтата минута, но резултатот стоеше само пет минути во корист на тимот на Солскјер.

Пелегрини погоди за 1-1 од пенал во 14-тата минута откако Погба играше со рака во својот шестнаесетник, па казната за Јунајтед беше претворена во израмнувачки гол на Волчицата од Рим.

- Оглас -

Најнови вести