Супер вести за Клоп во пресрет на важното гостување во Мадрид

Ливерпул следниот викенд им се враќа на обврските во Премиер лигата. На лидерот му следува гостување кај Норвич во рамките од 26-тото коло, дуел за којшто составот на Јирген Клоп ќе биде посилен со Садио Мане и Џејмс Милнер.

Двајцата играчи беа повредени, Мане принудно го напушти мечот против Вулверхемптон во 24-тото коло, додека Милнер ја надмина лесната повреда на коленото. Вратени се во тренажен процес во клучниот дел од сезоната ако се знае дека по мечот со Канаринците на Црвените им следува гостување во Мадрид против Атлетико во осминафиналето од ЛШ, на стадионот каде што Ливерпул ја освои шестата европска титула во јуни минатата година.

- Оглас -

Најнови вести