21.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Суперкомпјутер пресмета како целосно ќе изгледа табелата во Премиер лигата, но и кои ќе бидат најдобри стрелци, најдобар тренер…

Стартот на новата сезона во англиската Премиер лига е на прагот, а фактот дека се работи за најатрактивното првенство во светот, секогаш е интересно да се чуе што има да каже еден суперкомпјутер кога станува збор за предвидувањата и пресметките.

Ливерпул ја има улогата на шампион откако ја прекина доминацијата на Манчестер сити. Двата тима се засилија во летниот преоден рок и повторно ќе бидат во фокусот за највисок пласман. Секако, тука е и Арсенал.

Калкулациите на суперкомпјутерот се направени за цела лига, но освен за тоа како би изгледала комплетната табела на крајот од првенството, направени се калкулации и за тоа кои ќе бидат најдобри стрелци во лигата.

Според суперкомпјутерот, Манчестер сити ќе се врати на тронот. Граѓаните ќе освојат 92 бода, а клучно во играта ќе биде враќањето на Родри. Сити на крајот ќе има четири бода повеќе од Арсенал. Значи Топџиите нема да ја освојат титулата, но интересно е што според ова предвидување, Артета повторно ќе биде менаџер на годината во ПЛ.

Ливерпул, иако значително засилен, ќе биде само трет. Ваквиот пад на Ливерпул се пресметува поради одбраната која се очекува да биде главен проблем во тимот на Слот. Се предвидува Ливерпул на крајот да има 85 бода. Ова салдо минатата сезона беше доволно за шампионската титула, но овојпат би било доволно само за трето место на крајот од сезоната.

Челзи ќе биде четврти, надградувајќи се на минатата сезона, кога го освои Лига купот и се врати во Лигата на шампионите, додека Јунајтед ќе направи драматичен напредок, достигнувајќи го петтото место. Астон вила ќе заврши шеста, пред Тотенхем во првата сезона на Томас Франк. Њукасл ќе биде само осми, ќе видиме со или без Александар Исак, додека првиот дел од табелата го затвораат Вест хем со Потер на чело и Евертон на Мојес, кој би можел да биде посилен за Џек Грилиш.

Средината на табелата, според компјутерот, е резервирана и за Брајтон, Вулверхемптон (што е големо подобрување иако ги загуби Куња и Алт-Нури), Брентфорд, кој започнува нова ера под водство на менаџерот Френк, Фулам, победникот на Купот Палас, а Борнмут ќе биде само 16-ти.

Најголем пад се предвидува за Форест, кој не загубија никого освен Еланга и ќе биде само 17-ти над зоната за испаѓање. Но, тие нема да се плашат, пет бода пред Барнли, кој, како и другите два промовирани тима, Сандерленд и Лидс, ќе испадне од лигата.

Најдобар стрелец во лигата ќе биде Халанд со 36 гола, 13 повеќе од Салах, а меѓу првите четири стрелци се и Исак и Кол Палмер.

Останува за околу 10 месеци да видиме колку од овие предвидувања на суперкомпјутерот ќе бидат точни.

- Оглас -

Најнови вести