Супертимот на Шекил О’Нил е победник на oлстар-мечот, Стеф Кари ја доби МВП наградата (Фото+Видео)

Супертимот што го состави Шекил О’Нил победи на oлстар-натпреварот, кој оваа сезона првпат се одигра во нов формат.

НБА-лигата од оваа сезона одлучи да организира мини-турнир на кој учествуваа четири екипи.

Три од нив ги избраа НБА-легендите Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит, додека четвртата ја водеше Кендис Паркер, а неа ја сочинуваа победниците од турнирот во којшто настапуваа играчи од прва и втора година во НБА.

Шек објективно состави најсилен тим, избирајќи ги Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Стеф Кари, Леброн Џејмс, Џејмс Харден, Демијан Лилард, Џејлен Браун и Ентони Дејвис, кој подоцна беше заменет со Кајри Ирвинг.

Како што се очекуваше, тимот на Шек доминираше на турнирот, кој се играше по изменети правила – победник беше тимот што прв ќе стигне до 40 поени.

Во полуфиналето екипата на Шек ја совлада тимот на Кендис со 42-35, а во финалето ја растури екипата на Баркли со 41-25.

Стеф Кари и Џејсон Тејтум заедно постигнаа повеќе поени (27) од целата противничка екипа, а Кари ја освои МВП-наградата на олстар-натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести