16.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Суспендиран пет години затоа што го гризнал противникот за половиот орган

Еден од најбизарните инциденти во историјата на фудбалот се случи во една од пониските француски лиги. Фудбалер на екипата на Сетрих предизвика инцидент кој досега не е забележан во фудбалот. На дуел против екипата на Тервиљ, во мешаницата која се случила, тој успеал да го гризне противничкиот играч за пенисот, пренесуваат француските медиуми.

Овој чуден инцидент се случил на 17 ноември минатата година. Несреќниот фудбалер се обидел да раздвои двајца играчи, а противникот го нападнал и го гризнал за половиот орган и го повредил. Поради овој напад, повредениот играч заработил 10 конци на пенисот, а неколку дена воопшто не можел ништо да работи.

Играчот кој е посочен како главен виновник за инцидентот е казнет со пет години суспензија. Интересно е што суспензија заработи и повредениот фудбалер поради тоа што се вмешал во инцидентот. Иако сакал да ги раздвои завојуваните страни, тој играч е суспендиран на шест месеци.

- Оглас -

Најнови вести