Суспендиран судијата кој продолжи 42 минути: Се играше додека не победи клубот на поранешниот претседател на Боливија

Фудбалската федерација на Боливија го суспендира судијата кој на еден натпревар даде продолжување од неверојатни 42 минути. Палмафлор со 3:2 го победи Блуминг во натпревар кој траеше неверојатни 132 минути, а погодокот за триумф беше постигнат во 38-мата минута во надополнувањето. 

Судијата Хулио Гутиерез во објаснувањето по мечот потенцира дека многу време загубил по долгото прегледување на ВАР-ситуацијата при еден од погодоците, потоа дека имало и тепачка меѓу играчите, па затоа решил да има толку долго продолжување.

Точно е дека во 82-рата минута поради гледање на ВАР-снимката, дуелот беше во прекин 17 минути, но останатите 25 минути на продолжение е претерано многу, па затоа сите шестмина судии на овој дуел се суспендирани од Фудбалската федерација на Боливија.

Домаќините водеа со 2:0 во 82-рата минута, а потоа Палмафлор погоди за 1:2 во 86-тата и израмни на 2:2 во 90+24 минута, па целосен пресврт се случи со погодокот во 90+38 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести