26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Суспендиран судијата кој побара автограм од Халанд

Романската судиска организација го суспендираше арбитарот Октавијан Сорве кој побара автограм од Ерлинг Халанд по завршување на дуелот Манчестер сити – Борусија Дортмунд. Сорве беше помошник судија на тој дуел, а по завршување на мечот, камерите забележаа како трча по Халанд да бара негов автограм.

Ваквиот потег на судијата наиде на многу критики, посебно од челниците на УЕФА. Некогашниот познат италијански судија, а сега член од судискиот совет на УЕФА, Роберто Росети упати остри критики кон Сорве. Според Росети, судијата никако не смеел да побара автограм пред очите на сите останати фудбалери и во присуство на камерите кои го пренесоа целиот тој потег.

Сорве објасни дека автограмите кои ги земал од Халанд биле за да ги испрати на аукција, а соберените пари да да ги донира за помош на деца со аутизам. И покрај хуманата мисија на судијата, УЕФА и романската судиска организација сепак решија дека арбитарот треба да е суспендиран.

- Оглас -

Најнови вести