УЕФА остро го критикуваше судијата кој побара автограм од Халанд

Романскиот судија Октавијан Совре, е жестоко критикуван од страна на УЕФА за потегот кој го направи по натпреварот меѓу Манчестер сити и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Совре во тунелот го застана Халанд да му земе автограм, голгетерот на Дортмунд се потпиша на двата картони, а на Романецот план му беше да ги стави картоните на аукција со цел да собере средства и да помогне на деца кои се борат со аутизам.

Иако причината е за восхит, од УЕФА остро реагираа:

„УЕФА настојува судиите да ги почитуваат своите улоги, истото важи и за фудбалерите, со цел да не се величат играчите повеќе од потребното. Доколку сакате да бидете ценет како арбитар, зошто тогаш барате автограми од играчите, дали тие некогаш побарале автограм од вас? Ова е неприфатливо и недостоинствено, а не треба да заборавите дека ТВ-камерите на УЕФА снимаат буквално сè за време на натперварите“, истакна шефот на судискиот одбор на УЕФА, Роберто Росети.

- Оглас -

Најнови вести