9.8 C
Skopje
сабота, 26 октомври 2024
No menu items!
No menu items!

Суспендиран теренот: Партизан и Звезда ќе играат пред празни трибини

Фудбалскиот сојуз на Србија донесе одлука за нередите кои ги предизвикаа навивачите на Партизан на дуелот против Чукарички. Теренот на “црно-белите“ ќе биде суспендиран, а тоа значи дека вечното дерби против Црвена Звезда ќе се одигра без присуство на гледачи. Дуелот според програмата е планиран да се одигра на 26-ти Април.

Партизан нема да смее да носи навивачи и на гостински терен, а тоа значи дека викендов кога повторно ќе му гостуваат на Чукарички, нема да ја имаат поддршката на своите верни фанови.

“Црно-белите“ од Белград ја играат една од најлошите сезони после распадот на Југославија. Првиот дел од првенството го завршија на катастрофалното четврто место со 25 поени помалку од Црвена Звезда.

- Оглас -

Најнови вести