Свештеник се молел на дирекот од голот, па изеде ќотек бидејќи Есватини прими четири гола на таа страна

Светот е толку полуден, што веќе ништо не изненадува… Или не е така?! Можеби следнава приказна за свештеникот од Есватини ќе ни го смени мислењето.

Во текот на изминатава репрезентативна пауза, селекцијата на Есватини се сретна со африканскиот вицепрвак Сенегал, од кого загуби со убедливи 4-1. Сенегалците секако беа фаворити за тој меч, но домашните навивачи сметаат дека нивниот национален тим загуби од други причини.

Имено, мечот започнал подоцна од планираниот термин, односно стартот се пролонгирал поради невреме. Еден свештеник потоа влетал на теренот за да се помоли за својата селекција, по што застанал пред еден од головите и држејќи се за дирекот си го направил своето. Никако не можел да знае дека токму тој ќе биде обвинет за тешкиот пораз.

Есватини сите четири погодоци ги прими на страната на која свештеникот се молел, па навивачите сметаат дека неговата молитва всушност проработела во полза на Сенегалците и затоа физички го нападнале.

И натаму мислите дека веќе ништо не може да ве изненади?

https://twitter.com/NuhuAdams_/status/1197454978589347841

- Оглас -

Најнови вести