Францускиот фудбалер Антоан Гризман (34) во својата кариера играјќи за Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид има неверојатно лош биланс во дуелите со Барселона.
Синоќа популарниот Гризи го претрпе дури 23-тиот пораз од Барса. Билансот веројатно ќе му беше уште полош, но тој две сезони го носеше дресот на Каталонците, па не губеше од нив.
Има и шест победи против Барселона, а на Каталонците им дал 7 гола на 36 меча, што е премалку и скор кој не би го сакал ниту еден фудбалер против ниеден ривал.

