Светски шампион со Аргентина падна на допинг-тест поради сируп за деца

Фудбалерот на Монца, Алехандро Папу Гомес, кој минатата година го освои Светското првенство во Катар со репрезентацијата на Аргентина, падна на допинг-тест. Триесет и петгодишниот Аргентинец имал здравствени проблеми и без консултација со доктор земал сируп за деца и тоа е причината за позитивниот допинг-тест.

Гомес веднаш е суспендиран и ќе го чека вториот тест и конечната одлука. Доколку биде суспендиран, тоа веројатно ќе значи и крај на неговата кариера.

Алехандро Папу Гомес летово направи трансфер од Севиља во Монца, а претходно во својата кариера играше и за Арсенал де Саранди, Сан Лоренцо, Катанија, Металист Харков и Аталанта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести