Светскиот првак кој најави дека ќе оди во пензија, доби понуда и ќе игра во Серија А

Само пред неколку дена, Алехандро Папу Гомес потенцираше дека не може да најде клуб и дека ако тоа не се случи наскоро, ќе оди во пензија. По оваа објава на Папу Гомес, веднаш реагираа од италијанскиот калчолигаш Монца.

Искусниот 35-годишен аргентински фудбалер кој минатата година стана светски првак со Гаучосите на Мундијалот во Катар, сезонава ја започна како играч на Севилја, но на 1 септември потпиша раскин на договорот.

Папу Гомес има големо искуство во Серија А бидејќи во периодот од 2014 до 2021 година имаше одлични настапи во тимот на Аталанта. Тој има повеќе од 300 меча во италијанскиот фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести