Некогашниот германски репрезентативец кој беше дел од златната генерација на Светското првенство во 2014 година, Шкодран Мустафи реши да ја заврши играчката кариера. Мустафи има само 32 години, но смета дека е време да се повлече од активното играње, а во следниот период ќе биде помошник селектор во репрезентацијата на Германија за играчи до 17 години.
Мустафи има потекло од Македонија, поточно од селото Србиново, гостиварско. Кариерата ја започна во Евертон, а потоа играше за Сампдорија, Валенсија, Арсенал, Шалке и Леванте, а од јуни 2023 година заврши во шпанскиот клуб.
Дефанзивецот имаше 20 настапи во дресот на германската репрезентација, а последен пат за националниот тим играше во 2017 година. Сега Мустафи ќе има шанс да се покаже во нов предизвик и тоа како помошник селектор, работејќи со млади категории.