Светскиот рекет број 1 кај жените го крена трофејот, дали утре Ноле ќе го направи истото и кај мажите?

Ешли Барти е освојувачка на титулата во женска конкуренција на Вимблдон, откако во денешното финале, по голема борба и три сета ја победи Каролина Плишкова. За Австралијката ова е прва титула на Вимблдон, а втора на Гренд слем турнирите, по тој на Ролан Гарос во 2019 година.

Првиот сет беше многу несигурен за двете тенисерки кога беа на свој сервис. Барти два пати губеше гејм на свој сервис, но Плишкова беше полоша и три пати не успе да го одбрани својот сервис, па Австралијката го доби првиот сет со 6:3.

Во вториот сет се случуваше вистинска драма. Барти повторно брзо направи брејк и поведе со 3:1, но Плишкова возврати со три гејма во низа за предност од 4:3. Беше 5:5 кога Плишкова го загуби својот сервис, па Барти на свој сервис имаше гејм за титула, но го загуби. Во тај-брејкот, Плишкова беше многу подобра и го доби со 7:4, па мораше да се игра трет сет.

Барти одлично го почна решавачкиот сет и поведе со 1:0, потоа направи брејк, па повторно го доби својот сервис и поведе со 3:0. Тоа беше доволно најдобрата тенисерка во светот според ВТА листата, на крајот да се радува со 6:3 и да стигне до титулата на Вимблдон.

Утре, во машкото финале, Новак Ѓоковиќ кој е најдобар на АТП листата, ја има фаворитската улога против Матео Беретини од Италија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести